Работнички ГЛАС претставува онлајн гласило кое е посветено на информирање за локалните и глобалните настани низ призмата на работничката класа. Со уникатен фокус на проблемите, успесите и предизвиците со кои работниците се соочуваат во современото капиталистичко општество, платформата има за цел да ги потенцира нивните права, борби и придонеси во општеството.
Една од клучните цели на Работнички ГЛАС е да ја оживее и повторно актуелизира подзаборавената работничка и социјалистичка историја на Македонија како и на светот. Преку содржини за Народноослободителната Борба, нејзините македонски и југословенски херои, како и за значајните настани од македонската и светската работничка односно социјалистичка историја и хероите на работничките револуции, ова гласило потсетува на вредностите на солидарноста, еднаквоста и социјалната правда.
Во духот на работничката солидарност, Работнички ГЛАС ги отсликува познатите зборови од Манифестот на Комунистичката партија напишани од Карл Маркс и Фридрих Енгелс: „Пролетери од сите земји, обединете се!“, со верба дека вистинските промени се возможни само преку заедничка борба и заедничка визија.