
Новата година започна, но старата страст за фри џез остана иста – ако не и засилена! Овој петок, во културниот простор „Буква“, ќе имате можност да уживате во уникатниот звук на неформалното трио Букршлиев/Новковски/Спировски.
Ова трио можеби има само еден или два претходни настапи, но нивната меѓусебна синергија е добро позната на домашната сцена. Членовите се дел од најмалку осум други музички формации и стојат зад повеќе од дванаесет издадени албуми – бројка што сигурно ќе расте. Но, сè во свое време. За почеток, тука е нивниот настап овој петок, кој ветува вистински новогодишен џез амбиент.
Очекувајте вечер исполнета со фри џез импровизации – пријатни, но со можност да ве изненадат со неочекувани и провокативни музички пресврти. Звучи возбудливо, нели? Не го пропуштајте овој музички настан што ќе го загрее стартот на 2025 година.