
Во ослободеното Скопје, од 6 до 8 јануари 1945 година, се одржа Вториот конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ). На конгресот учествуваа бројни делегати од трите делови на Македонија, како и претставници на антифашистичката младина од Балканот – Албанија, Грција и Бугарија, Советската младина, младината од федералните единици на Демократска Федеративна Југославија, и претставници на англиската воена мисија.
За време на конгресот беа презентирани три реферати, а пред младината беа поставени значајни задачи: организационо јакнење на НОМСМ преку формирање одбори на места каде што тие сè уште не постоеле, основање на разни секции, организирање курсеви за описменување, санитетска обука и други, како и формирање работни чети и бригади за обнова на разурнатите села и градови.
Овој конгрес го означи почетокот на нова етапа во мобилизацијата на младите за изградба на обновена и слободна Македонија.