
Издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“ ја заокружува успешната 2024 година со традиционалната празнична акција, нудејќи им на своите читатели одлични попусти на изданијата, вклучувајќи ги и најновите наслови. Ова е совршена можност за сите љубители на книгите да ја завршат годината на вистински начин и да влезат во 2025 со инспирација и нови приказни.
„Во овој период, кога сите сме поопуштени и понасмеани, Ви ги нудиме нашите изданија со супер попусти. Наминете во нашата книжарница, изберете добри наслови, честитајте ги празниците и споделете го уживањето во книгите,“ порачуваат од „ИЛИ-ИЛИ“.