
На денешен ден починал Карл Маркс, еден од највлијателните филозофи, економисти и револуционерни мислители на 19 век. Неговите идеи за капитализмот, класната борба и општествената промена сè уште предизвикуваат дебати и инспирираат движења ширум светот. Низ неговите дела Маркс нуди остри критики кон експлоататорските системи и визија за праведно општество.

По тој повод ви претставуваме седум (од безбројните) негови моќни цитати:
„Историјата се повторува, првин како трагедија потоа како фарса“
„Политичката економија го гледа пролетерот како коњ“
„Работникот не го смета трудот како дел од својот живот туку како жртвување за неговиот живот“
„Религијата е издишка на потиснатото суштество, душа на бездушниот свет, како што е таа дух на бездушни прилики. Таа е опиум на народот.“
„Револуциите се локомотивите на историјата“

„Филозофите само на различни начини го толкуваа светот, а работата е во тоа тој да се измени“
„Правото е волја на владејачката класа издигната на степен на закон“