
На денешен ден над Рајхстагот се издигна црвеното знаме на слободата. На денешен се издигнаа српот и чеканот како симболи на слободата која ја добивме од антифашистичката борба во Европа. 80 години Европа е слободна од тиранијата на фашистичката идеологија.
И денеска кога европските вредности на демократијата, слободата на говор и социјалната заштита се под огромен напад од екстремните десничари, Европа е уште еднаш пред познатиот патоказ од 1939. За жал како да не ги научивме лекциите од Втората светска војна.
Европските вредности на слобода на движење се мета на новите анти-имиграциони политики. Луѓето кои протестираат се нарекувани „анти-семити“ поради нивната критика против Израелската окупација на Газа (притоа не занемарлив дел од Еврејската популација ги подржува протестите против војната во Газа).
Наместо да градиме мостови помеѓу Европските држави, водиме политика налик на 19тиот век, каде соседи помеѓу себе се обвинуваат за историски ревизионизам. Наместо европското семејството да се рашири, се повеќе и повеќе се бирократите ни кажуваат како „не е моментално време за тоа“, „не сме спремни“, „скапо ќе е…“
Европо, разбуди се! Кога најбогатите луѓе почнуваат да изведуваат „римски поздрави“ време е да се размисли какви вредности заштитуваме! Слободата на говор мора да е дозволена се додека не се напаѓаат демократските вредности. Говорот на омраза не е слобода на говор! „Римските поздрави“ не се слобода на говор! Барањето на насилна депортација не е слобода на движење!
Автор на текстот: Шумарот