
Шпанската граѓанска војна претставува клучен конфликт во историјата на ХХ век, што ја подели државата на две страни: републиканците и националистите. Републиканската страна беше составена од широк спектар на левичарски сили – социјалисти, комунисти, анархисти и социјал демократи – кои се бореа за зачувување на Втората шпанска република, воведена во 1931 година. Тие се залагаа за реформи како аграрна распределба, секуларна држава и социјална правда, што ги доведе во конфликт со конзервативните и монархистички кругови
Републиканците беа поддржани од Мексико, интернационалните бригади – волонтери од целиот свет кои се бореа против фашизмот и Советскиот Сојуз (чија инволвираност во војната е дискутабилно. Меѓу нив беа и бројни интелектуалци и работници што ја гледаа борбата во Шпанија како симбол на глобалниот отпор против авторитаризмот. Сепак, внатрешните несогласувања меѓу различните фракции, особено меѓу комунистите и анархистите, ја ослабнаа координацијата и стратегијата на Републиканската страна.
По три години крвави судири, националистите предводени од генералот Франсиско Франко, со поддршка од фашистичка Италија и нацистичка Германија, извојуваа победа. Републиканците беа претрпени со масовни репресии, егзекуции и прогонства. Илјадници преживеани беа принудени на егзил, а многумина продолжија да се борат против фашизмот во редовите на антинацистички движења низ Европа за време на Втората светска војна.

Во Шпанската граѓанска војна учествувале и македонци, главно како дел од интернационалните бригади кои се бореле на страната на републиканците. Најпознати од нив се: Иван Дојчинов, Тане Наумов, Алексо Демниевски – Бауман, Елисие Поповски – Марко, Цветко Узуновски – Абас, Ганчо Хаџи Панзов, Боро Поцков и други. Борците ја доживувале војната како дел од пошироката борба против фашизмот и за социјализам, а нивното учество оставило важна трага во антифашистичкото наследство на Македонија.