Фото: Принтскрин/Јутјуб
„До 19 часот, според нашиот примерок, излезноста е 66,8 отсто“, изјави претставничката на Студентската листа на конференцијата за медиуми, пола час пред затворањето на избирачките места.
„Овој процент ја надминува вкупната излезност на парламентарните избори во 2023 година, која изнесуваше 58,77 отсто“, беше речено на конференцијата.
Преведено во бројки, до 19 часот гласале 4.310.000 граѓани.
„Тоа е речиси пола милион повеќе во однос на вкупниот број гласачи во 2023 година“, беше наведено.
Од штабот на Студентската листа порачаа граѓаните да останат смирени и прибрани.
„На чекор сме да напишеме историја и да оствариме најголема излезност во историјата на Србија“, беше додадено на вечерашната конференција.