
Фејзбук статусот на Кристина Ампева ви го пренесуваме во целост:
Минималната плата МОРА да се покачи на 500 евра нето. Значи МОРА. Преку замрзнување на придонесите. Не знам зошто новата ни влада е толку против замрзнување на придонеси кога и тие кога беа во опозиција го бараа истото.
Ќе има поголем нето износ кај вработените со нијниски приходи, ќе се намали сивата економија преку она пари во плик и повторно истите даноци ќе се слеваат во фондовите за пензиско и здравствено осигурување.
Тоа што некои краделе од овие фондови не може да го плаќаме ние. Затоа постојат финансиска полиција , јавно обвинителство и закони, нека има конечно конфискација и вратите парите назад во фондовите.