
Соопштението на Здружение за заштита на работничките права Гласен Текстилец го пренесуваме во целост
На ден 7.3.2025 година, на наше барање по пријава од вработени во правното лице ДППУ МК ВИТЕКС ДОО Делчево е направен вонреден инспекциски надзор во правното лице ДППУ МК ВИТЕКС ДОО Делчево.
Инспекторите побарале увид во извод од електронска евиденција за работно време за период Јануари и Февруари 2025 година. Од страна на одговорното лице за електронската евиденција не е дадена на увид електронска евиденција односно истиот изјавил дека не уредно се води од страна на работодавачот односно дека истата не се води според Правилникот за начинот и водењето на електронската евиденција на работното време и на прекувремена работа.
Исто така од увидот од поедничените месечни пресметки за плата за вработените како и од увид од Банков извод од 26.2.2025 година, работодавачот не доставил на увид на инспекторите доказ дека работниците се согласиле да и биде извршено задршка од плата, ниту приложи доказ за законски основ поради која на работниците и е исплатена утврдената плата согласно договорот за вработување и закон.
Инспекторите констатирале дека работодавачот сторил повреда на чл.105, чл.107, чл.110ст.1 и чл.111 од Законот за работните односи. Исто така,од страна на инспекторите констатирано е дека платата на работникот за работа со полно работно време не може да биде понискa од минималната плата утврдена според закон и колективен договор.
За неправилностите во ова правно лице испративме известување и до Управата за јавни приходи.