На денешен ден почина Винстон черчил, личност која во современата западна историографија како и во пошироката јавност Винстон Черчил се смета за човекот кој го „победи фашизмот“ како и голем поборник за демократија, човекови права и севкупно како за голем човек. Но дали е тоа навистина така?
Во прилог неколку цитати за вистинската на страна на големиот англо-саксонски херој Винстон Черчил:
„Да бев Италијанец, сигурен сум дека ќе бев со вас од почеток до крај во вашата триумфална борба против ѕверските апетити и страсти на ленинизмот“ – Винстон Черчил кон Бенито Мусолини
“Во конфликтот меѓу фашизмот и болшевизмот нема сомнеж каде лежат моите симпатии и убедувања“ – Винстон Черчил кон Бенито Мусолини
„Го почитувам за храброста, истрајноста и виталната сила што му овозможија да ги надмине сите… отпори што му го попречија патот“ – Винстон Черчил за Адолф Хитлер
„Ги мразам Индијците. Тие се ѕверски народ со ѕверска религија“ – Винстон Черчил
„Приговорите на Канцеларијата на Индија се неразумни. Јас сум силно за користење отровен гас врз нецивилизираните племиња“ – Винстон Черчил
„Не признавам, на пример, дека им е направена голема неправда на Црвените Индијанци од Америка или на црните луѓе во Австралија. Повисока раза, поквалитетна раса да се каже така, дојде и го зазеде нивното место“ – Винстон Черчил