
Соопштението на Социјален центар Дуња го пренесуваме во целост:
20 години Македонска марксистичка архива (одбележување и дружба)
Ве покануваме на 20-годишниот роденден на Македонскиот јазичен оддел во склоп на Марксистичката интернет архива. Формиран во 2005 година, тој израсна во една од најбогатите дигитални библиотеки на македонски јазик и респектабилна датабаза на марксистички и останати социјалистички/комунистички/анархистички книги и статии, наменети да послужат како помагало и патоказ во борбата за соборување на капитализмот и изградба на подобар свет.
На настанот ќе биде претставен Македонскиот оддел на Марксистичката интернет архива, по што ќе следи роденденската дружба со левичарска музика.
Заинтересираните ќе може да ја преснимат целата архива на Македонскиот оддел на Марксистичката интернет архива на УСБ.
Организатор на настанот: Македонскиот оддел на Марксистичката интернет архива.
Повеќе за нивната работа: https://www.marxists.org/makedonski/index.htm
Повеќе за настанот: https://www.facebook.com/photo/?fbid=996359699263075&set=gm.685442853882746