Соопштението на Legis го пренесуваме во целост
Дали некогаш сте се запрашале што би направиле за време на Холокаустот, за време на апартхејдот или за време на злосторствата што историјата ги осудува денес? Сега е вашиот момент. Историјата се повторува во Палестина, пред нашите очи. Геноцидот е реален, а тишината повеќе не е неутралност – туку е предавство.
Да се вратиме назад и да се потсетиме што Македонија направи за Палестина во последниве години:
1. Воздржана во ОН (октомври 2023 година) за резолуцијата со која се бараше прекин на огнот во Газа додека децата беа масакрирани.
2. Не ја поддржа тужбата на Јужна Африка против Израел за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.
3. Молчеше за барањата за итна хуманитарна помош.
4. И неодамна, во јули 2025 година, Собранието на РМ одби дури и да дебатира за хуманитарната криза во Газа. Само 16 пратеници гласаа „за“. Другите молчеа.
Молкот на нашата влада е гласен, но твојот глас има поголема тежина. Да мислите дека нема што да направите, дека сте само еден граѓанин, е изговор и токму тој изговор е причина зошто злосторствата продолжуваат да се случуваат. Вашето молчење е соучесништво.
Придружете ни се овој петок (08.08.2025) во 18:00 часот пред Собранието на РМ.
Марширај. Зборувај. Не се преправај дека не гледаш.
Бидете на вистинската страна од историјата.