Која историја? Таа ли вие што ја фалсификувате? Таква историја ние не признаваме. Ние гледаме како е во стварноста.
Факт е, г.народни претставници, дека имало голема борба меѓу бугарските и племињата на Балканскиот Полуостров. И тој процес, за кој ни говори г. Сак’зов и којшто го поддржуваат и други, не е за обединување на бугарското племе туку за завладување на .. Балканскиот Полуостров…“
Во продолжение на расправата меѓу Благоев и бугарските парламентарци меѓу другото ќе каже:
Г. Данаилов: Ама вие сте родум од Загоричани.
Д. Благоев: Јас сум родум од Загоричани, меѓутоа, јас не сум Бугарин.. И како таков, ако сакате да знаете, јас сум за Македонија како земја која ќе си има своја сопствена управа.
Некој од десницата: Што бараш тогаш во Бугарија?
Д. Благоев: Така што процесот за кој ни се зборува е процес за завладување, а не за обединување на бугарското племе …
Министерот X. И. Попов: Како се викаат во Загоричани Бугарите?
Д. Благоев: Ако ги прашате, тие се викаат христјани.
Министерот X. И. Попов: Тие се викаат Бугари
Д. Благоев: Јас не сакам да навлегувам во таа сфера, но сакам да истакнам какви опасни од ваша гледна точка теории се развиваат во нашата историја, односно за процесот на обединувањето на бугарското племе…
Министерот X. И. Попов: Борбите за независноста на бугарската црква најмногу се развија во Вашето село и затоа го изгорија.
Д. Благоев: Тоа воопшто не е така, а зборот е за завојување на племињата на Балканскиот Полуостров од Бугарите. И ако говориме за историски процес, тогаш тој процес и денеска постои, имено бугарското племе настојува да ги завладее местата што му се неопходни за да може тоа да излезе на море, за да може да излезе на големите водени патишта и Егејското Море. Ете ја смислата на историскиот процес.. Јас мислам дека од вас послабо информирани по тие прашања и позбркани глави нема. Особено вие учителите, коишто секогаш врз тие фалшиви теории сте се воспитувале, вие воопшто не можете да ги разберете тие работи.
С. Костурков: (негодува).
Претседавачот д-р И. Момчилов: Г. Костурков! Ве молам не го прекинувајте говорникот.
Д. Благоев: Меѓутоа, поважно прашање не е тоа за националните територии поважно е прашањето како се однесуваат нашите сојузници кон нашата хегемонија на Балканот или, попросто да го кажам, кон обединувањето на бугарското племе? Тоа е едно прашање кое исто така не се зафати во врска со војната.
Д. Благоев: Ако сте вие убедени дека во Добруџа се Бугари, дека во Моравско, дека во Македонија се Бугари, дека во Серес, Драма и Кавала се Бугари, зошто вие се плашите од таа формула на рускиот мир? Ако сте убедени дека некаде има Бугари, нека се направи референдум и да видиме што ќе кажат. Зошто врескате? Значи несигурни сте, значи има не-што што ве тревожи, има некои области завладеани од вас кои ако се подложат на референдум…
Целосно изјава (реченица) на Благоев е: Јас сум родум од Загоричани но јас не сум Бугарин туку јас сум Словен. Зошто сте го исекле тоа: “јас сум Словен”?! И зошто сте го исекле делот во кој тој вели дека имало не голема борба меѓу бугарските и словенските племиња во Бугарија во средниот век?! И зошто не сте ја пишале другата негова изјава во која тој вели дека во Загоричани не се Бугари туку се Македонци?