
„Нема Друга Земја“, филм за Палестинците кои се борат да ги заштитат своите домови од уривање од израелската војска, ја освои наградата Оскар за најдобар документарен филм.
Филмот, сниман помеѓу 2019 и 2023 година, го следи активистот Басел Адра, кој ризикува апсење за да ја документира разрушувањето на неговиот роден град, Масафер Јата. Израелските војници го уриваат местото за да го претворат во воена тренинг-зона на јужниот раб на Западниот Брег.
Повиците на Адра остануваат неслушнати сè додека не се спријатели со еврејско-израелскиот новинар Јувал Абрахам, кој му помага да ја прошири неговата приказна.
Примајќи ја наградата, Адра изјави дека „Нема Друга Земја“ ја одразува суровата реалност со која Палестинците се соочуваат со децении.
„Пред околу два месеци станав татко, и мојата надеж за мојата ќерка е дека таа нема да мора да живее истиот живот што јас го живеам сега – секогаш стравувајќи од доселеници, насилство, уривање на домови и присилни раселувања, со кои мојата заедница се соочува секој ден под израелска окупација“ рече Адра.
Тој, исто така, го повика светот „да преземе сериозни чекори за да ја запре неправдата и да го запре етничкото чистење на палестинскиот народ“.