Државниот завод за статистика соопшти дека просечната исплатена нето-плата во септември 2025 година достигнала 45.466 денари, додека бруто-платата изнесувала 68.392 денари. Во споредба со истиот месец лани, нето-платата е повисока за 9,3 проценти.
Според податоците, најголем пораст на платите е забележан во образованието со 14,9 проценти, следат здравството и социјалната заштита со 12,6 проценти и транспортот и складирањето со 11,5 проценти. Во однос на претходниот месец, раст е регистриран и во преработувачката индустрија (3,5 %), јавната управа и одбраната (1,8 %) и рударството (1,1 %), се наведува во соопштението.