
Соопштението на „Сите за Палестина“ го пренесуваме во целост:
Додека се одржуваше воената церемонија за почетокот на НАТО вежбата „Итен одговор 25“, ние од „Сите за Палестина“ на плоштадот „Маршал Тито“ во Кавадарци го изразивме нашиот отпор против соучесништвото на НАТО во геноцидот врз Палестинците, кој трае веќе повеќе од 600 дена.
Го осудуваме агресивнато промовирање на милитаризација на општеството – во самиот центар на градот, меѓу семејства и деца, се изложуваа тенкови и оружја. Тоа не е безбедност – тоа е индоктринација. Македонија не смее да биде соучесник во глобалната неправда! Не го прифаќаме милитаризмот како решение, ниту капитализмот како иднина.
НАТО не штити никого – НАТО поддржува војни, моќ и репресија. Тие се меѓу главните виновници за кризите што се случуваат како внатре, така и надвор.
Слобода за Палестина!