
Соопштението на Гласен Синдикат го пренесуваме во целост
Работниците што ни се јавија велат:
– Платите за мај и јуни сè уште не се исплатени
– Не добиваат листови за плата
– Не им се исплаќаат додатоци за празници, неделен одмор и ноќна работа
– Има неизвесност околу користењето годишен одмор
– Дел изјавуваат дека анекси и други документи не им се ни покажани, а не пак потпишани
Ова не е првпат да алармираме.
Лани поднесовме кривична пријава до ОЈО – Скопје. Детално наведовме членови од Кривичниот законик – повреда на права, повреда на право на социјално осигурување, злоупотреба на службена положба, дури и даночно затајување.
Одговорот? „Не било кривично дело, туку прекршоци по ЗРО.“
Ако наведените кршења на основни права не се доволни за Јавно обвинителство да постапи – тогаш кој ќе ги заштити работниците?
Ги повикувам медиумите – кои со години се наш глас кога институциите молчат – да ја следат оваа постапка и јавно да постават истите прашања што ги поставуваме и ние.
Тишината нема да ја прифатиме како одговор.
А до сите што работат во НИКОБ:
Приклучете се кон ГЛАСЕН СИНДИКАТ.
Нема кој да не’ заштити ако не се организираме. Вашиот глас не е сам – ние сме тука, а ќе нè има сè повеќе.