
Соопштението на Здружението за заштита на работничките права, Гласен Текстилец ви го пренесуваме во целост
По поднесена претставка од наша страна како Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ до Државниот трудов инспекторат против правното лице ДПТУ ТТ Томитекс ДОО увоз-извоз Скопје,кое правно лице планираше затворање на истото без да исплати долгови кон вработените и отпуштање на работници на 24 јануари 2025 година без нивно известување и знаење, Државниот трудов инспекторат по поднесната претставка од наша страна, изврши вонреден инспекциски надзор кај работодавачот Друштво за производство,трговија и услуги ТТ ТОМИТЕКС ДОО увоз извоз Скопје и по извршениот надзор утврди дека на ден 24 јануари 2025 година работодавачот извршил одјава на работниот однос на 23 работнички со датум на престанок на осигурувањето на ден 17.1.2025 година по основ со отказ од работодавачот.
Отказните решенија не содржат правна поука и не се врачени на работничките а нема ни одредба за запознавање на работникот со неговите права од осигурување во случај на невработеност, а за останатите одјавени 11 работнички одговорното лице за време на надзорот изјави дека решенија за престанок на работен однос не се изготвени што е спротивно на Законот за работните односи.
Од увидот до Декларација за плата за месец 12/24 за време на инспекцискиот надзор е утврдено дека работодавачот за месец 12/24 на вработените не им исплатил плата и придонеси од плата со што исто така постапил спротивно на Законот за работните односи.
За постапувањето спротивно на Законот за работните односи, инспекторот донесе решение со кое на работодавачот му е изречена инспекциска мерка опомена:
– Да донесе Акт за ништовност на престанокот на работниот однос на 23 работнички,кој е одјавен од Агенција за вработувње на РСМ-Центар за вработување на Град Скопје,по основ отказ од работодавач,со датум на престанок на работниот однос на ден 17.1.2025 година и на вработените да им исплати плата и придонеси од плата за месец 12/2024 година.
Исто така, од увидот во електронска евиденција на работно време за месец 1/2025 година се утврди дека во периодот од 15.1.2025 година заклучно со 23.1.2025 годин, работодавачот не водел евиденција на полното работно време за присуство на работа на работничките,со што постапил спротивно на Законот за работните односи, сторил прекршок со што беше санкциониран од истиот закон. За сторениот прекршок согласно Законот за работните односи,се издадоа Прекршочни платни налози за работодавач-правно лице и за одговорното лице во правното лице,со Предлог за порамнување согласно Законот за прекршоци.
При надзорот од увидот во приложената документација беше констатирано и дека работодавачот со дел од работничките не склучил договор за вработување,што исто така е спротивно на Законот за работните односи.За сторениот прекршок согласно Законот за работните односи,се издадени Прекршочни платни налози за работодавал- правно лице и за одговорното лице во правното лице,со Предлог за порамнување согласно Законот за прекршоци.
Исто така за ова правно лице,од наша страна е пратена и претставка до Управата за јавни приходи од која чекаме одговор.