

Гоце Делчев, визионерот на македонската револуционерна борба, со своите мисли и дела остави траен печат во историјата на Република Македонија. Неговите зборови се водилка за слободата, единството и вербата во подобра иднина. Ви претставуваме седум инспиративни цитати од Делчев, кои и денес ја носат истата сила и значење.
- „Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население“
2. „Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите…“
3. „Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце…“
4. „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа…“

5. „Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; – или ќе водиме говеда на касапница…“
6. „Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата – тоа е првиот услов за нашиот успех!“
7. „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.“