
Соопштението на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи- Прилеп го пренесуваме во целост
Деновиве се одбележаа 81 година од херојската смрт на прилепчанката, ВЕРА ЦИРИВИРИ-ТРЕНА, убиена од страна на бугарските окупаторски сили на 15.07.1944 година во Штип.
За време на НОВ, таа имаше безброј активности како борец и инструктор низ цела Македонија. Иако го заслужи орденот “НАРОДЕН ХЕРОЈ”, таа не го доби ова високо одлукување.
За таа цел, Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи – Прилеп, покренува ИНИЦИЈАТИВА за постхумно одликување со ОРДЕН ЗА ВОЕНИ ЗАСЛУГИ на ВЕРА ЦИРИВИРИ-ТРЕНА, за покажаната храброст, пожртвуваност и непоколебливост во антифашистичката борба за слобода на Македонија.
Се надеваме дека надлежните државни органи најсериозно ќе пристапат кон оваа иницијатива. Непрогласената “НАРОДНА ХЕРОИНА” го заслужува тоа!