
Објавата на генералениот комесар на UNRWA (Агенцијата за заштита на Палестински бегалци), Филипе Лазарини ја пренесуваме во целост:
Напад врз деца.
Напад врз образованието.
Тажен ден во окупираниот Источен Ерусалим.
Утрово тешко вооружени израелски сили влегоа во три UNRWA училишта во кампот Шуфат во окупираниот Источен Ерусалим, принудувајќи над 550 девојчиња и момчиња кои беа во училниците да ги напуштат своите училишта.
Еден член на персоналот на UNRWA е приведен.
Како резултат на тоа, UNRWA беше принудена да ги евакуира сите деца во шесте училишта што ги води во Источен Ерусалим.
Сега, речиси 800 девојчиња и момчиња – некои на возраст од 6 години – се оставени во шок и траума.
Упадот на училиштата и принудувањето нивно затворање е бесрамно непочитување на меѓународното право.
Овие училишта се неповредливи простории на Обединетите нации.
Со спроведувањето на наредбите за затворање издадени минатиот месец, израелските власти им го ускратуваат на палестинските деца основното право да учат.
Училиштата на UNRWA мора да продолжат да бидат отворени за да се заштити цела генерација деца.