

Теоријата за културна или идеолошка хегемонија, како што се уште е нарекувана е развиена од страна на италијанскиот филозоф и марксист Антонио Грамши како објаснување на тоа зошто пролетерската револуција во развиените Западни држави која ја наговестуваше Маркс во своите дела не се оствари. Грамши дополнувајќи ја марксовата идеја за економска база и идеолошка надградба и за тоа како доминантната идеологија на општеството ги одразува верувањата и интересите на владејачката класа, во многу есеи пишувани најчесто во затвор ја има создадено теоријата за културната хегемонија, која служи како основа за делата на многу марксистички теоретичари како Луј Алтузер и неговата теорија за идеолошкиот државен апаратус на пример.
Грамши во својата теорија тврди дека согласноста за владеењето на доминантната група првенствено се постигнува преку ширење на идеологии – верувања, претпоставки и вредности – преку општествените институции како што се училиштата, црквите, судовите и медиумите а не со воена сила. Овие институции ја вршат работата на социјализирање на луѓето во нормите, вредностите и верувањата на доминантната општествена група. Како таква, групата која ги контролира овие институции го контролира остатокот од општеството.

Културната хегемонија најсилно се манифестира кога оние со кои владее доминантната група ќе веруваат дека економските и социјалните услови на нивното општество се природни и неизбежни, наместо да се создадени од луѓе кои имаат интерес за одредени општествени, економски и политички поредоци
Грамши сфатил дека има повеќе од доминацијата на капитализмот отколку класната структура и нејзината експлоатација на работниците. Маркс ја препозна важната улога што идеологијата ја одигра во репродукцијата на економскиот систем и општествената структура што ја поддржуваше, но според Грамши, Маркс не и дал доволно признание на моќта на идеологијата. Во својот есеј „Интелектуалците“, Грамши ја опиша моќта на идеологијата да ја репродуцира социјалната структура преку институции како што се религијата и образованието. Тој тврди дека интелектуалците на општеството, кои често се гледаат како одвоени набљудувачи на општествениот живот, всушност се вградени во привилегирана социјална класа и се „слуги на владеачката класа“. Како такви, тие функционираат како „заменици“ на владејачката класа, подучувајќи ги и охрабрувајќи ги луѓето да ги следат нормите и правилата утврдени од владејачката класа.
Накратко, културната хегемонија функционира така што го врамува светогледот на владејачката класа и социјалните и економските структури кои го отелотворуваат, како праведен, легитимен и дизајниран за доброто на сите, иако овие структури можат да имаат корист само за владејачката класа. Овој вид на моќ се разликува од владеењето со сила, како во воената диктатура, бидејќи и дозволува на владејачката класа да врши авторитет користејќи ги „мирните“ средства на идеологијата и културата.