Собранието на Македонија не ја усвои предложената резолуција за хуманитарната ситуација во Појасот Газа, поднесена од пратениците Скендер Реџепи, Арбана Пашоли, Рина Ајдари, Муса Џафери, Дијана Тоска, Илире Даути и Сали Мурати.. Резолуцијата бараше од Израел да овозможи итен пристап на хуманитарна помош — вклучувајќи храна, медицински средства и логистичка поддршка — за цивилното население, согласно меѓународното право и одлуките на релевантните меѓународни тела.
Покрај тоа, предлогот содржеше апел до Обединетите нации, Европската унија, Исламската конференција и други меѓународни организации да извршат засилен дипломатски и хуманитарен притисок врз Израел за прекин на блокадата и подобрување на условите за цивилите во Газа. Сепак, резолуцијата не доби доволна поддршка, бидејќи „за“ гласаа само 16 пратеници.