
Марксовата материјалистичка концепција на историја и теоријата за труд е една од најважните теоретски идеи кои имаат донесено големи културни, политички и економски промени во начинот на кој се говори за општеството.
“Марксизмот” е базиран на критики, теории, политички амбиции кои еволуирале или пак се инспирирани во голема мера од теоретската и политичката работа на Карл Маркс. Марксистичката теорија за класата или класната борба, најверојатно имала најголемо влијание во светот во кој живееме, подлабоко од било која друга теорија.

Научници и активисти кои припаѓаат на Марксизмот се во почетните редови во социјални и политички движења против нееднаквоста во светот. Централната идеа во Марксовите учења е дека капитализамот односно капиталистичкиот начин на производство е базиран на експлоатација и експлоативни општествени односи.
Следбениците на Марксизмот сметаат дека комунизмот е подобар општествен систем во кој капиталистичките концепции како приватна сопстевност и експлоатација ќе бидат отстранети, и последно ваква транзиција од капиталистичко до комунистичко општество ќе биде постигнато преку пролетерска револуција.
Марксистичките класни аналитичари користат релационален пристап кон социјалната нееднаквост, каде што класите се разбрани, концептуално како во развој поради историски опкружувања. Ова историско сваќање на создавањето на класите исто така зема во контекст односот помеѓу класите.
Односно Марксистичката перспектива на стратификација е спротиставена на претхотно етаблираните едноставни сфаќања дека нееднаквоста во приходите или пак во богатството е индикатор за класа и разликите помеѓу класите, и Марксистичките научници поставуваат една идеа дека социјалната нееднкавост не е причината за формирањето на класи, туку дека е резултат од класните структури. Овие класни структури самите се имаат издигнато преку историски околнисти, кои треба да бидат истражени и разбрани.