
Петре Пирузе – Мајски е роден на 5 мај 1907 година во Охрид, каде што го завршува своето основно и средно образование. Иако на почетокот студира на Воената поморска академија во Дубровник, подоцна се пренасочува кон правото и дипломира во Белград. Во студентските денови активно се вклучува во револуционерните движења и станува еден од основачите на Македонскиот народен покрет (МАНАПО), кој се залагал за национална слобода и еднаквост на македонскиот народ. По враќањето во Охрид, работи како приправник во судството и адвокатурата, а своите политички активности ги продолжува преку учество во митинзи и организирање напредни сили во Македонија.
Со избувнувањето на Втората светска војна, Пирузе се приклучува на југословенската војска и учествува во борбите на фронтот кај Ќафасан. По капитулацијата, се враќа во Охрид и станува активен член на Комунистичката партија, поставен за политички секретар на Охридскиот регион. Бега од апсење во 1941 година и заминува во илегала, каде што ја организира народноослободителната борба во Дебарца. Таму го формира локалното движење и иницира создавање на партизански одреди, подготвувајќи го теренот за вооружена борба против фашизмот.
Во текот на војната, Пирузе добива значајна улога како командант на II-та оперативна зона и како организатор на бројни единици на НОВ. Тој е еден од потписниците на Манифестот на Главниот штаб и делегат на Второто заседание на АВНОЈ. Подоцна, активно учествува во Првото заседание на АСНОМ, каде што е избран за член на Президиумот и Комисијата за изработка на македонската азбука. Со формирањето на Привремената влада на Македонија во август 1944 година, Петре Пирузе – Мајски станува прв повeреник за правосудство, поставувајќи ги темелите на современата македонска државност.
Петре Пирузе – Мајски ја прифатил неговата резолуција на Инфирмбирото, со што дошол во судир со официјалната партиска и државна политика. На 14 ноември 1950 година, во Белград, тој бил уапсен и испратен на издржување на затворска казна на Голи Оток, каде што останал до февруари 1954 година. Пирузе бил рехабилитиран во 1966 година, а следната година му била вратено и одликувањето „Партизанската споменица 1941“.