
Атанас Великов Атанасов, роден во 1921 година во Петрич, бил активен учесник во антифашистичкото движење за време на Втората светска војна. Својата борба ја започнал како партизан во ЕЛАС во јануари 1944 година, а подоцна се приклучил на Петричкиот партизански одред „Антон Попов“.
На 17 септември 1944 година, по наредба на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, во близина на селото Митрашинци, во Беровскиот крај на планината Плачковица, беше формирана 50-та Македонска народноослободителна дивизија на НОВЈ. Во нејзиниот состав влегоа 4-та, 13-та и 14-та Македонска народноослободителна ударна бригада. Истовремено беше формирана и 14-та бригада „Димитар Влахов“, во која од 23 април 1945 година до крајот на војната, функцијата заменик командант ја извршуваше Атанас Атанасов.
По завршувањето на војната, Атанасов – познат и како Божанин – активно учествувал во политичките процеси за иднината на Македонија. Тој бил делегат на сите три заседанија на АСНОМ, а на второто заседание ги пренел стремежите на Македонците од Пиринска Македонија за обединување во една самостојна македонска држава.
Во 1949 година, поради својата македонска национална ориентација, Атанасов бил уапсен од бугарската „Државна безбедност“. Обвинет дека бил агент на југословенската УДБА и дека агитирал за припојување на Пиринска Македонија кон НР Македонија, тој бил осуден и затворен во периодот на Информбирото. Починал на 10 мај 1975 година во својот роден град Петрич.