
Кузман Јосифовски – Питу е роден на 23 јуни 1915 година во Прилеп во револуционерно семејство. Неговите родители, Цветан и Лефта Јосифовски, потекнувале од род со длабоки корени во борбата за слобода. Покрај Кузман, и неговите браќа и сестри биле активни во револуционерното движење, а двајца од нив, Мара и самиот Кузман, ги загубиле животите за идејата. Ова револуционерно наследство силно го оформило неговиот карактер и определба уште од најрана возраст.

Основното образование го завршил во Прилеп како одличен ученик, особено заинтересиран за историјата и литературата. Неговото гимназиско образование продолжило во Битола, каде што се истакнувал со својот интелект и учество во културни и револуционерни активности. Таму почнал да чита напредна литература и да се запознава со комунистичките идеи, добивајќи илегален материјал преку својот вујко Милан Младен. По завршувањето на гимназијата, продолжил да се ангажира во комунистичкото движење, кое станало центар на неговиот живот.
Во 1938 година станал член на Комунистичката партија на Југославија, а за време на студиите во Белград се издигнал како еден од водечките претставници на студентската левица. Подоцна, во 1939 година, бил избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Прилеп. Неговата активност не била безпречна, бидејќи поради несогласувања со политиката на Методија Шаторов, бил исклучен, но подоцна повторно примен во партијата. Неговиот политички ангажман продолжил со членство во Покраинскиот комитет на КПМ, Главниот штаб, Централниот комитет на КПМ и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.
Кузман Јосифовски – Питу бил убиен на 25 февруари 1944 година од куршум на бугарски војник додека се обидувал да избега од опколената куќа каде што се одржувал таен состанок. Неговата мајка и сестра дознале за неговата смрт дури по една година, на митинг во Прилеп. Како признание за неговата храброст и жртва, на 2 август 1945 година, тој бил посмртно прогласен за народен херој на Југославија.
При еден состанок со претставник на Бугарската работничка партија (спротивно на денешните тврдења дека неговото убиство е нарачано од С. Вукмановиќ – Темпо) е предаден и бега од бугарската полиција и заноќува во една куќа и во една улица во близина на некогашната фабрика „Алумина“ паѓа смртно погоден на 25 февруари 1944 година, застрелан од бугарската полиција. Во мртвото тело е најдена лажна лична карта на Димитар Филипов – Рафаилов, близок соработник на Иван Михајлов. Врската за состанокот бил неговиот вујко Димитар Чкатров, човек кој по бугарската окупација сите Срби во Македонија ги прогласува за „српски колонисти“. Останува фактот дека Кузман Јосифовски е предаден токму од овие кругови во момент кога имал средба со претставник на македонскиот крволок Ратко! Неговиот вујко, Димитар, веднаш по ослободувањето на Македонија, во судењето кое започнува на 25 мај 1945, заедно со своите соработници Димитар Ѓузелов и скопскиот кмет од 1941 Спиро Китинчев е осуден како соработник на бугарскиот окупатор кој работел на присоединување на Македонија кон Бугарија и јакнење на бугарскиот национален дух меѓу Македонците. Заедно со Китинчев и Ѓузелов се едни од оснивачите на „Българските акционни комитети“. Тројцата обвинети воопшто не порекнуваат дека се „борят за запазване на българското население в Македония от сръбската асимилация и освобождаването му от сръбско робство“. Чкатров и Ѓузелов се осудени на смрт и тие се стрелани. Скопскиот кмет Китинчев, кој бега пред партизаните при ослободувањето на Скопје на 13 ноември 1944, а таму, во Ќустендил го апсат бугарските власти кои го предаваат на македонските органи на правдата, си ја спасува главата. Пресудата му е преиначена на 20 години во затворот во Идризово, каде умира од туберкулоза. Станува јасно зошто на кметот, кој на душа носи неколку ликвидирани партизани, му е ублажена смртната пресуда.