
Во Народноослободителната војска на Југославија се бореле преку сто илјади жени, од кои околу 25.000 загинале. Од околу 40.000 жени, колку што биле ранети за време на НОБ, за народни херои се прогласени 91 жена, а нив 3.344 добиле Партизанска споменница 1941 година. Повеќе од 2.000 жени станале офицери на Народноослободителната војска на Југославија.
Жените-борци биле: делегати, политички комесари, командири и команданти, референти за санитет, болничарки, борци, пушкомитралесци, бомбардери, партиски и скоевски раководители и одборници на Народноослободителните одбори.
Од околу 1.700.000 Југословени, колку што загинале за време на Вториот светски војна, околу 620.000 биле жени, а само во логорите биле убиени повеќе од 282.000.
Од 91 жена, колку што се прогласени за народни херои, 73 загинале за време на НОБ, додека само 17 биле одликувани за време на животот.
- Јелисавета Андрејевиќ Анета (1923–1943), прогласена за народен херој на 9 октомври 1953 година.
- Вера Ацева (1919–2006), одликувана со Орден на народен херој на 27 ноември 1953 година.
- Спасенија Цана Бабовиќ (1908–1977), одликувана со Орден на народен херој на 5 јули 1952 година.
- Рајка Баковиќ (1920–1941), прогласена за народен херој на 24 јули 1953 година.
- Олга Бан (1926–1943), прогласена за народен херој на 26 септември 1973 година.
- Малчи Белич (1908–1943), прогласена за народен херој на 27 ноември 1953 година.
- Анка Берус (1903–1991), одликувана со Орден на народен херој на 24 јули 1953 година.
- Вера Благојевиќ (1920–1942), прогласена за народен херој на 6 јули 1953 година.
- Перса Босанац (1922–1943), прогласена за народен херој на 23 јули 1952 година.
- Милка Босниќ (1928–1944), прогласена за народен херој на 17 мај 1974 година.
- Марија Бурсаќ (1921–1943), прогласена за народен херој на 15 октомври 1943 година.
- Анка Буторац (1905–1942), прогласена за народен херој на 14 декември 1949 година.
- Марија Видовиќ Абесинка (1924–1942), прогласена за народен херој на 27 ноември 1953 година.
- Рада Врањешевиќ (1918–1944), прогласена за народен херој на 5 јули 1951 година.
- Ѓина Врбица (1913–1943), прогласена за народен херој на 24 јули 1953 година.
- Мајда Врховник (1922–1945), прогласена за народен херој на 5 јули 1951 година.
- Милица Вучетиќ (1920–1944), прогласена за народен херој на 27 ноември 1953 година.
- Милица Вучиниќ (1921–1943), прогласена за народен херој на 13 јули 1953 година.
- Љубица Геровац (1919–1942), прогласена за народен херој на 27 ноември 1953 година.
- Божидарка Дамјановиќ-Марковиќ Кика (1920–1996), одликувана со Орден на народен херој на 9 октомври 1953 година.
- Нада Димиќ (1923–1942), прогласена за народен херој на 7 јули 1951 година.
- Ѓурѓелина Ѓука Диниќ (1913–1943), прогласена за народен херој на 6 јули 1945 година.
- Резека Драгар (1913–1941), прогласена за народен херој на 15 јули 1952 година.
- Дара Драгишиќ (1921–1944), прогласена за народен херој на 9 октомври 1953 година.
- Андреана Дружина (1920–2021), одликувана со Орден на народен херој на 22 јули 1953 година.
- Ката Думбовиќ-Ковачиќ (1903–1941), прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година.
- Овадија Естреја Мара (1922–1944), прогласена за народен херој на 11 октомври 1953 година.
- Савка Јаворина-Вујовиќ (1918–2002), одликувана со Орден на народен херој на 9 октомври 1953 година.
- Вида Јанежиќ Вилма Лучка (1914–1944), прогласена за народен херој на 22 јули 1953 година.
- Рабијојла Јанковиќ Рава (1919–1944), прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година.
- Лизика Јанчар Мајда (1919–1943), прогласена за народен херој на 27 ноември 1953 година.
- Олга Јовичиќ (1920–1942), прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година.
- Вера Јоциќ (1923–1944), прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година.
- Елпида Караманди (1920–1942), прогласена за народен херој на 11 октомври 1951 година.
- Милка Керин Похорска (1923–1944), прогласена за народен херој на 21 јули 1953 година.
- Слава Клавора (1921–1941), прогласена за народен херој на 27 ноември 1953 година.
- Миланка Кљајиќ (1924–1943), прогласена за народен херој на 27 ноември 1953 година.
- Драгица Кончар (1915–1942), прогласена за народен херој на 23 јули 1952 година.
- Фана Кочовска-Цветковиќ (1927–2004), одликувана со Орден на народен херој на 9 октомври 1953 година.
- Данила Кумар (1921–1944), прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година.
- Милка Куфрин (1921–2000), одликувана со Орден на народен херој на 23 јули 1953 година.
- Антонија Куклар (1896–1942), прогласена за народен херој на 21 јули 1953 година.
- Радојка Лакиќ (1917–1941), прогласена за народен херој на 8 август 1945 година.
- Вахида Маглајлић (1907–1943), прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година.
- Загорка Зага Маливук (1919–1942), прогласена за народен херој на 27 ноември 1953 година.
- Албина Мали-Хочевар (1925–2001), одликувана со Орденот на народен херој на 13 септември 1952 година.
- Соња Маринковиќ (1916–1941), прогласена за народен херој на 25 октомври 1943 година.
- Даница Материќ (1921–1943), прогласена за народен херој на 27 ноември 1953 година.
- Анка Матић Грозда (1918–1944), прогласена за народен херој на 2 октомври 1953 година.
- Нада Матић (1924–1944), прогласена за народен херој на 6 јули 1953 година.
- Јелица Машковиќ Јеја (1924–1942), прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година.
- Павла Меде Катарина (1919–1943), прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година.
- Даница Милосављевиќ (1925–2018), одликувана со Орденот на народен херој на 6 јули 1953 година.
- Рада Миљковиќ (1917–1942), прогласена за народен херој на 6 јули 1953 година.
- Вукица Митровиќ (1912–1941), прогласена за народен херој на 9 мај 1945 година
- Вукосава Миќуновиќ (1921–2016), одликувана со Орденот на народен херој на 10 јули 1952 година
- Вера Мишчевиќ (1925–1944), прогласена за народен херој на 27 ноември 1953 година
- Нада Наумовиќ (1922–1941), прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година
- Мара Нацева (1920–2013), одликувана со Орденот на народен херој на 27 ноември 1953 година
- Љубица Одаџиќ (1913–1942), прогласена за народен херој на 26 септември 1953 година
- Добрила Ојданиќ (1919–1995), одликувана со Орденот на народен херој на 10 јули 1953 година
- Дринка Павловиќ (1919–1943), прогласена за народен херој на 6 јули 1953 година
- Милица Павловиќ Дара (1915–1944), прогласена за народен херој на 14 декември 1949 година
- Анка Паѓен (1924–1945), прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година
- Ибе Паликуќа (1927–1944), прогласена за народен херој на 8 октомври 1953 година
- Катарина Патрногиќ (1921–1971), одликувана со Орденот на народен херој на 27 ноември 1953 година
- Ката Пејновиќ (1899–1966), прогласена за народен херој на 3 јуни 1968 година
- Олга Петров (1921–1942), прогласена за народен херој на 27 ноември 1953 година
- Смиља Покрајац (1920–1943), прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година
- Љубица Поповиќ (1921–1942), прогласена за народен херој на 12 јули 1949 година
- Драгица Правица (1919–1942), прогласена за народен херој на 8 јуни 1945 година
- Нада Пуриќ (1903–1941), прогласена за народен херој на 6 јули 1953 година
- Јованка Радивојевиќ (1922–1943), прогласена за народен херој на 6 јули 1953 година
- Лепа Радиќ (1925–1943), прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година
- Даринка Радовиќ (1896–1943), прогласена за народен херој на 9 октомври 1953 година
- Вера Радосављевиќ Нада (1922–1943), прогласена за народен херој на 5 јули 1951 година
- Анѓа Ранковиќ (1909–1942), прогласена за народен херој на 6 јули 1953 година
- Зорка Реганцин (1921–1944), прогласена за народен херој на 27 ноември 1953 година
- Софија Ристиќ (1900–1944), прогласена за народен херој на 9 октомври 1953 година
- Мира Светина (1915–2007), одликувана со Орденот на народен херој на 27 ноември 1953 година
- Силвира Томазини (1913–1942), прогласена за народен херој на 27 ноември 1953 година
- Вида Томшич (1913–1998), одликувана со Орденот на народен херој на 27 ноември 1953 година
- Радмила Трифуновиќ (1919–1943), прогласена за народен херој на 27 ноември 1953 година
- Иванка Трохар (1923–1944), прогласена за народен херој на 24 јули 1953 година
- Јелена Ќетковиќ (1916–1943), прогласена за народен херој на 5 јули 1952 година
- Тончка Чеч Олга (1896–1943), прогласена за народен херој на 21 јули 1953 година
- Лидија Шентјурц (1911–2000), одликувана со Орденот на народен херој на 27 ноември 1953 година
- Мајда Шилц (1923–1944), прогласена за народен херој на 19 јуни 1945 година
- Радмила Шишковиќ (1923–1943), прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година
- Михаела Шкапин (1924–1943), прогласена за народен херој на 4 септември 1953 година
- Милка Шобар (1922–1943), прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година