
Максим Горки (1868–1936), роден како Алексеј Максимович Пешков, беше руски писател, драматург и политички мислител, познат по својата силна посветеност на социјалната правда и реализам во литературата. Неговите дела, вклучувајќи ги романите Мајка и Детство, како и бројните раскази и драми, ја одразуваат суровата реалност на сиромашните и обесправените, истовремено носејќи порака за надеж и човечко достоинство. Како основач на социјалистичкиот реализам, неговото влијание врз руската и светската литература останува неизбришливо.
Во негова чест ви претставуваме осум негови цитати што го отсликуваат неговиот поглед кон животот и човекот:

1.„Нема да ја потопите вистината во мориња крв.“
2. „Сиромашните луѓе се глупави од сиромаштијата, а богатите од алчност.“
3. „Кога работата е задоволство, животот е радост. Кога работата е должност, животот е ропство!“
4. „Добриот човек може да биде глуп, а сепак да е добар. Но, лошиот човек мора да е паметен.“
5. „Кога се е лесно, човек брзо станува глупав.“
6. „Лагите се религијата на робовите и господарите. Вистината е Бог на слободниот човек.“
7. „Нашиот најнемилосрден непријател е нашето минато.“
8. „Човек, колку гордо звучи тоа!“