
Граѓани на социјалните мрежи повторно масовно ја споделуваат петицијата за Македонија да гласа ЗА резолуциите на ОН во солидарност со палестинскиот народ, ви го пренесуваме текстот на петицијата во целост како и линкот за потпишување
Во иднина сите ќе тврдиме дека отсекогаш сме биле против геноцидот. Ајде да почнеме да го покажуваме тоа! Изминатиов период, сведоци сме на срамни гласања од страна на Македонија во Обединетите Нации во однос на човековите права, особено правата на палестинскиот народ. Народот во Македонија во минатото стоел на страната на слободата. Нашите предци се бореле за слобода, се бореле против фашизмот и тоа е гордост која ја носиме денес. Во овој дух ве повикуваме да се вклучите на петицијата за да покажеме дека овој народ нема да дозволи вазали кои се богатат на нашите грбови да помагаат да се уништи палестинскиот народ.
Со оваа петиција бараме Македонија да ги почитува меѓународните конвенции кои ги има потпишано, како и да покаже интернационална солидарност, и да почне повторно да гласа ЗА резолуциите на ОН во корист на палестинскиот народ.
Македонија е дел од Советот за човекови права, со мандат 2025-2027, а претходно ја имала истата улога во период 2014-2016 година. Притоа, доколку се споредат гласањата на нашата држава во однос на резолуции поврзани со правата на палестинскиот народ, може да се забележи драстичен пресврт во начинот на кој нашата држава гласа:

Зошто е ова важно?
1. Борбата за право на самоопределување е длабоко вкоренета во историјата на македонскиот народ и самото тоа треба да ни биде сеприсутен потсетник за солидарност и емпатија кон сите народи кои ја делат истата битка. Залагањата за човекови права, правата на малцински и ранливи групи и демократијата се водечки начела за нашиот народ и држава, и се длабоко вкоренети во нашето минато. Народите во Македонија историски се бореле против империите, против фашизмот, против апартхајдот – тоа се основите кои треба да нè претставуваат глобално.
2. Со потпишување бројни декларации, меѓу кои Универзалната декларација за човекови права, Женевските конвенции, и Декларација за правата на децата, Македонија се има обврзано да ги почитува основните начела на меѓународното право и човековите права. Со гласањето што се практикува во последните неколку наврати, Македонија не само што не ги почитува договорите за кои се обврзала, туку и директно дава поддршка на нивно кршење – кршење на човекови права и кршење на правата на најневините, децата.
3. Македонија е мала држава и сите сме свесни дека нема голема моќ во глобалната геополитичка сцена. Јасно е дека нашата држава не е доволно моќна, ниту економски, ниту политички, сама да го сопре геноцидот во Газа и страдањата кои палестинскиот народ ги трпи со децении. Но, тоа не значи дека треба да придонесува и соучествува кон нив, како што моментално прави со своите активности, меѓу кои и срамните гласања во ОН поттикнати од бизнис интересите на политичарите. Тоа што моментално, покрај член на ОН, Македонија е дел и од Советот за човекови права на ОН, укажува на нејзината дополнителна одговорност и обврска да застане на страната на човековите права, да покаже солидарност со угнетените народи и јасно да каже НЕ на геноцидот на кој во живо сведочиме секојдневно од малите екрани.
Затоа, бараме Македонија да ги почитува сопствените страдања, историја и минато, да ги почитува меѓународните конвенции кои ги има потпишано, да ја покаже важноста на солидарноста и да почне повторно да гласа ЗА резолуциите на ОН во корист на палестинскиот народ.
Мораме категорично да се изјасниме ПРОТИВ злосторствата и геноцидот кој Израел ги врши врз палестинскиот народ. Потпиши ја петицијата, кажи НЕ ВО НАШЕ ИМЕ!
Линк до петицијата