
(Во писмото на Георги Димитров до Јосип Броз Тито, Димитров ја прифаќа критиката на Тито за погрешната политика на Бугарската работничка партија (комунисти), спрема македонското прашање и развитокот на партизанското движење во Бугарија, н.б.)
„Инаку, во однос на македонското прашање ги дадов следните упатства:
1.Решително да им се спротивстават на германско-бугарските окупатори во Македонија.
2. Со сите сили да и даваат поддршка на македонската политика на нова Федеративна Југославија, што на Македонците им дава рамноправност.
3. Да избегнуваат било какви спорови околу територијалните прашања и идните граници на балканските држави.
4. Да спроведуваат единствена за бугарските, југословенските и грчките комунисти линија на борбата против германските окупатори.
5. Да имаат предвид дека правилното решавање на територијалните прашања е можно само врз основа на заедничката борба на народите на Југославија, Бугарија и Грција, заедно со Македонците.
Ослободувањето на Балканот од Германците-врз основа на братската соработка на овие народи, а пред се најдлабокото пријателство на нова демократска Бугарија и нова демократска Југославија како словенски држави, а со помошта на Советскиот Сојуз.
Сметам, дека не може да станува ни збор за одземањето на југословенска Македонија од Југославија, по сите оние огромни жртви што ги имаа а што уште ќе ги имаат народите на Југославија во војната против заедничкиот непријател. Како што веќе и самите забележавте, работата на БКП веќе се подобри, но треба се уште многу да се стори во таа насока. Основна неволја е во тоа што рако-водството на Комунистичката партија е мошне слабо, иако е составено од мошне предани луѓе… Поради тоа, паралелно со нужноста од натамошно исправување на линијата и тактиката на парти-јата, првостепена задача е да се зацврсти раковоството во центарот и на теренот.
…Не се сомневам дека во ова ќе ја дадете потребната помош, како и во вопоставувањето сигурна врска меѓу ЦК на БКП и вашиот ЦК…
Ќе ви бидам многу благодарен ако и понатаму ме известувате за Вашето мислење и забе-лешките за дејноста на Комунистичката партија.
Ги предадов Вашите писма упатени до другарот Сталин и другарот Молотов
Цврсто Ви ја стегам раката
Иван (Георги Димитров)”