Драги Љиљак (Борко Темелковски), Испраќаме патрола која носи писмо за тебе и Андро (Страхил Гигов) Потребно је да имаме врска со војската за испраќање на партизани , това треба да јавите во које место ќе чека вашата патрола за да и носа дотаму . Сега чекаме партизани од № 3 (Велес) и тије ќе треба да ги пратиме у војската . Исто така имаме ногу партизани кој се распрснати од батаљоно на Мајка (Батаљонот „Мирче Ацев). Ако се јава , тоги и тије да можиме да ги испратиме, зато је потребно чврста врска со војската.
Положе нето наваки је добро и ако непријатело изврши удар. Народо се држи добро. У базата која беше на О.К. има запалено 2 кујчи едната је на Бора а другата је на еден Митре. Последица од това је на нашите партизани, кој опште немисла оти ке донеса штета со нивната неконспирација, та можите да го испитате Дима велешанецо. Исто има колиби запалено. Колибите кајшто бевме со тебе преку Црна Бугарите ги запалија, има убијен еден другар од I бригада, а друк се има спасено, тој е со патролата дојден. Како што кажува другаро да I бр [игада] је разгромена. Ѓура, дошол до истите колиби и се вратил назат (не можел да ја мини Црна беше со заседа), со себе носел околу 100 партизани, другите не и знајле на кај има заминато. Има предајено 20 души партизани и се одма застрелани.
Кај Радобил исто имало фанат некој Англичанец и еден е војник. Тије и однеле во градот. Од Мајка батаљоно нема оште 30 др [угари] дали се поминати натаки , није слушнахме даје поминале Црна а дали се претерани не знам. Има убијено една другарка од истио батаљон Ако испрајчаш патрола , прајча ја на јавка на старата на Драгожел.
Толку ти пишав за положенијето наваки .
Со др [угарски] поз [драв] Сл [обода] на народо . Смр [т] на фа [шизмот]
Стојчог