Соопштението на Гласен Синдикат го пренесуваме во целост
ПО НАШЕ БАРАЊЕ: Инспекција откри сериозни ЗЛОУПОТРЕБИ во конфекцијата ЈОЈО – Крива Паланка!
Работниците не се сами! По преставка поднесена од ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ, инспекциски надзор откри флагрантно кршење на Законот за работни односи од страна на сопственикот на конфекцијата ЈОЈО.
Што утврди инспекцијата?
Работниците биле префрлени на 20 часа неделно без потпис и знаење ![]()
Работеле 40+ часа неделно, а земале плата за 20
Неисплатени додатоци, придонеси, и реална плата
Не се издавани решенија за користење на годишен одмор
Нема евиденција за работно време
Сомнеж за фалсификувани анекси и потписи
Државниот инспекторат донесе РЕШЕНИЕ-ОПОМЕНА со утврдени прекршувања и му наложи на работодавачот да постапи во рок од 8 дена!
Дополнително, на наше барање, Инспекторатот треба да го извести Секторот за економски криминал при МВР и Јавното обвинителство, поради индиции за сторени кривични дела (фалсификат и злоупотреба).
Работниците НЕ се бројка. Работниците имаат ПРАВА.
Приклучи се кон ГЛАСЕН СИНДИКАТ – твојот глас, твоја заштита, твоја сила! Само организирани можеме да се избориме со неправдите!
Контактирај нè доколку и ти се соочуваш со слични злоупотреби – анонимноста е загарантирана!