
Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР) потпиша Колективен договор со рудниците Бучим и Боров Дол, со кој се унапредуваат работничките права и се утврдува динамика за зголемување на платите.
Во прилог соопштението на ССМ го пренесуваме во целост:
Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР) претставуван од Претседателот Игор Ѓерасов, придружуван од Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и Претседателите на Синдикалните организации на СИЕР во Боров дол и Бучим Станко Јованов и Бојан Поцев, денеска со Управителот на Рудниците Боров дол и Бучим Радовиш потпишаа Колективен договор со кој се унапредуваат правата на работниците во рудникот се утврди и динамика за зголемување на платите на работниците, а во наредниот период ќе се утврдат и дополнителни критериуми за дополнително зголемување на платите врз основа на работната успешност, редовноста, безбедноата и здравјето при работа и др.
На работниците, со самиот почеток на годината, зголемена им е основната плата за месец јануари која работодавачот веќе ја има исплатено.
Социјалниот дијалог кој го водеше СИЕР со менаџерскиот тим на рудникот обезбеди потпишување на Колективен договор по многу години со што направен е значителен напредок во взаемното почитување како социјални партнери, како и во унаоредување на работничките права.
Склучувањето на Колективните договори помеѓу рудниците Бучим и Боров Дол и Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР) при ССМ, претставува историски момент, особено за рудникот Бучим, каде што по 25 години од неговото рестартирање во 2005 година, за првпат е склучен колективен договор на ниво на работодавач. Од друга страна, рудникот Боров Дол, кој започна со работа во 2021 година, успеа да го потпише својот прв колективен договор по само три години од отпочнувањето со работа.
Истовремено, се прават напори со надлежното министерство да се изврши доплата на разликата за бенифициран стаж за дел од работните места на кои изминатиот период не бил уплатуван истиот заради различниот назив на работните места. – Се вели во соопштението на ССМ.