
Познатиот гласноговорник за работнички права и основач на синдикатот за работници од приватниот сектор „Гласен Текстилец“, попладнево на своите социјални мрежи „распали“ по политичката партија „Левица“.
Нејзиниот Ви статус го пренесуваме во целост:
Левучарите против Божо денеска тргнаа со хајка. Божо кој е секогаш тука за сите, Божо кој се вклучува во секоја хуманитарна акција, Божо кој е редок пример на принципиелност, човечност, хуманост. Со инфомакс и споделување на постот мислат дека ќе му наштетат. Заборавиле дека они се платени од Северна во собрание, а не Божо. Исто дека се вработени како народни пратеници и лапаат плата со 78 посто покачување. Дека уживаат они имунитет а не Божо. Чисто лицемерие.
Некна удрија по “сороспиите” како што не нарекува нивниот месија, ама траат и не кажуваат колку преподобните левучари имаат лапано грантови кога беа вработени во граѓански организации. Заборавија да споменат дека и месијата работеше како експерт за УСАИД. Заборавија да кажат дека доаѓаат од граѓански организации.Абе мачиња. Скријте се некаде и не лајте. Да не направиме еден хор па да ве дознаат сите кои сте и што сте.
Пс. Пучови на ,,работничка“ партија не се прави 3 пати. Најквалитетните одамна заминаа од таа партија. И сега се влечкаат поради месијата, пастирот , по судови. Сите искрени деца, мажи и жени одамна го напуштија тоа гнездо на лажни Че Гевари. Останаа опортунистите. Истите оние кои лапаа амерички дивизи со години, истите кои дојдоа од граѓански организации. Затнете ја и скријте се во дупка. Гилиптари! – Напиша Ампева на социјалните мрежи.