
Комунистичката партија на Грција (ККЕ) објави дека членовите на Европскиот парламент на ККЕ, Костас Пападакис и Лефтерис Николау – Алаванос, испратиле писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и членовите на Европската комисија, во кое го осудуваат како неприфатлива провокација обидот да се поттикне забраната на комунистичките и советските симболи, вклучително и српот и чеканот.
Новиот провокативен обид за поистоветување на комунизмот со нацизмот ќе пропадне!
„Ние пишуваме за да го осудиме неприфатливото писмо што деновиве кружи како иницијатива на петмина европратеници на Европската народна партија (ЕПП), адресирано до претседателот на Европската комисија, кое ја „бара“ ЕУ да ја забрани „употребата на руски и советски симболи“, чеканот и српот и предлага правна рамка заснована на реакционерната „теорија на две екстреми“ повикувајќи се на борбата против тоталитарните режими. Писмото оди дотаму што повикува на „забрана за јавно прикажување и ширење на симболите на Советскиот Сојуз“ и отстранување на статуи, споменици и други предмети од јавните простори во ЕУ, со што практично се криминализира слободното политичко дејствување, па дури и уметничкото творештво.
Залудно се обидуваат да го идентификуваат извршителот на наци-фашистичките злосторства со неговиот најзаколнат непријател: СССР, Комунистичките партии, милионите партизани во движењата на отпорот кои ги жртвуваа своите животи во борбата против фашизмот и нацистичката окупација во десетици земји, со истите транспаренти што овие европратеници сега провокативно повикуваат да бидат криминализирани“.