Соопштенијата на Спас за Прилеп ги пренесуваме во целост
На ден 11.08.25. Понеделник се организира масовен ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ против отворање на рудник за мермер во месноста Леково!
Се покануваат прилепчани на што помасовно присуство за сите гласно да им кажиме дека сме против уништување на животната средина за туѓи интереси.
Ајде мои сограѓани прилепчани!
1. Да покажиме дека сме сеуште живи и свесни за каква опасност се работи!!!
2. Да им покажиме дека не сме полумртви суштества кои не ги интересираат прашања со кои ДИРЕКТНО Е ЗАГРОЗЕН НАШИОТ ЖИВОТ!!!
3. Да им покажиме дека без согласност од народот НИКОЈ НЕ МОЖИ да носи опасни по живот решенија!!!
За нашите деца, за нашите внуци, за Прилеп, за Македонија, за НАШАТА ИДНИНА!!!
Спас за Прилеп е само МАСОВНА ИЗЛЕЗЕНОСТ!!! Ти решаваш како ќе биди!!!