

На 8 мај 1945 година, нацистичка Германија безусловно се предаде, што доведе до крајот на Втората светска војна во Европа. Но, наместо да бидат казнети за нивните злосторства, многу нацистички и фашистички лидери останаа на моќни позиции и го задржаа богатството.

Во Западна Германија, и покрај „денацификацијата“, повеќето нацистички воени злосторници останаа неказнети, а многумина беа повторно ангажирани на официјални позиции додека се вжештуваше Студената војна со источниот блок. На пример, од околу 1 милион луѓе вклучени во холокаустот, само околу 600 добија доживотен затвор или смртна казна. Дури и осудените воени злосторници како Ханс Мартин Шлејер брзо се вратија на моќни позиции: самиот Шлејер брзо стана претседател на главните здруженија на „работодавачи“ во Германија, помагајќи во разбивањето на синдикати. Многу нацистички научници беа вработени во САД како дел од операцијата „Paperclip“, додека други беа транспортирани и вработени во Советскиот Сојуз во рамките на операцијата „Осоавиахим“.
Во Грција, САД и ОК ги поддржаа грчките фашисти и нацистичките поддржувачи во бруталната граѓанска војна против поранешните членови на отпорот (партизаните предводени од Комунистичката партија на Грција). Во Италија, ЦИА интервенираше на изборите во 1948 година за да ја спречи победата на левицата, која беше столбот на отпорот против Мусолини и фашизмот. И во Италија и низ Западна Европа, поранешните нацисти беа ангажирани од НАТО за да формираат подземна антикомунистичка армија наречена Гладио, која изврши терористички напади во земји како Италија и Белгија.

Во источна Европа ситуацијата не била многу поразлична, во Романија, герилците кои го предводеа отпорот против нацистите беа означени како „бандити“ од страна на новите советски власти, кои ги поставија Петру Гроза и Георге Татареску на власт. И двајцата претходно беа дел од десничарските влади, а Татареску беше државен министер додека антиеврејските закони беа донесени кон крајот на 1930-тите, а неговиот брат беше водач на Нацистичката партија во Романија во раните 1930години. Во Бугарија, фашистичкиот водач Химон Георгиев беше поставен за премиер и набрзо ги потисна штрајкувачите на јаглен. Во Унгарија, човекот назначен од страна на Советскиот Сојуз да ја води првата влада беше Бела Миклош, првиот Унгарец на кој му беше доделена највисоката нацистичка чест: Витешки крст на Железниот крст
Преведено од: https://stories.workingclasshistory.com/article/10734/Nazi-Germany-surrendered