
Соопштението на Сојуз на синдикати на Македонија го пренесуваме во целост
Денеска, работниците од Флораком фирма основана од ЈП Паркови и зеленило Скопје излегоа на протест кој започна во 10 часот и ќе трае до 13 часот со блокирање на булеварот Илинден на раскрсницата за влез во ЈП Паркови и зеленило Скопје.
Протестот е поради тоа што до 15-ти јули, до кога е законскиот рок за исплата на плата, не им е исплатена платата за месец јуни, а платата за месец мај беше исплатена во текот на вчерашниот ден, по најавениот протест.
Вработените најавија порадикални мерки со блокирање на раскрсницата на булеварот „Илинденска“ и денеска со поддршка на Синдикатот СУТКОЗ и ССМ поради неисплатените плати протестираат, а на протестот со нив се и Претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски и Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Истовремено, покрај барањето за исплата на платата за месец јуни, работниците бараат и исплата на регресот за годишен одмор за 2022, 2023 и 2024 година, како и редовна исплата на плата за да не се протестира повторно.
Дололку не биде исплатена платата за месец јуни најдоцна 22.07.2025 година, на 23.07.2025 година работниците и синдикатот повторно ќе излезат на протест.