
Работник на возраст од 58 години, Ѓ.Д. од Охрид, трагично го загуби животот утринава додека извршувал градежни работи на објект во изградба на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид. Тој паднал од височина при извршување на работните задачи и со тешки телесни повреди бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде што, за жал, им подлегнал на повредите.
Случајот го потврдија од Секторот за внатрешни работи – Охрид, од каде информираа дека во тек е истрага за утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата. На лице место се врши увид од надлежните служби со цел расветлување на трагичниот инцидент.