Суперѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, остро реагираше на објавата на УЕФА во чест на починатиот Сулејман Ал-Обеид, познат како „палестинскиот Пеле“, бидејќи европската фудбалска организација не спомена дека тој бил убиен од израелски напад додека чекал хуманитарна помош во Појасот Газа. Во кратката објава на X на 9 август, УЕФА го нарече Ал-Обеид „талент што им даваше надеж на безброј деца, дури и во најмрачни времиња“, но не ги наведе околностите на неговата смрт.
Салах одговори на објавата со прашањето: „Можете ли да ни кажете како умре, каде и зошто?“. Палестинската фудбалска федерација потврди дека 41-годишниот Ал-Обеид бил убиен во израелски воздушен напад врз цивили кои чекале хуманитарна помош во јужна Газа. Ал-Обеид, роден во Газа и татко на пет деца, се смета за еден од најсјајните палестински фудбалски таленти, со 24 официјални настапи и два гола за репрезентацијата.