
На денешен ден е роден германскиот социолог, филозоф и фројдомарксист Ерих Фром, познат по своите дела што ја истражуваат слободата, љубовта и човековата природа во современото општество. Во негова чест одбравме седум негови цитати за функционирањето на современиот капитализам.
1. „На современиот капитализам му требаат луѓе кои непречено и во голем број соработуваат; кои сакаат да консумираат се повеќе и повеќе; и чии вкусови се стандардизирани и на нив може лесно да се влијае и да се предвиди … каков е исходот? Современиот човек е отуѓен од себе, од другите луѓе и од природата“.
2. „Капитализмот ги става работите (капиталот) повисоко од животот (трудот). Моќта се добива од поседувањето, а не од активноста“.
3. „Надминувајќи ја природата, станувајќи оттуѓен од природата и од другото човечко суштество, човекот останува гол и засрамен. Тој е сам и слободен, но немоќен и уплашен“.
4. „Алчноста е јама без дно која ја исцрпува личноста во бескраен напор да ја задоволи потребата, без притоа да постигне задоволство“.
5. „За [Карл] Маркс она што е важно е човекот. Тој е коренот на сè; додека за капитализмот целта се нештата, профитот, а човекот е само средство за нивно стекнување“.
6. „Во капитализмот економската активност, успехот, материјалните придобивки, стануваат цел сами по себе. Човековата судбина станува да придонесе за растот на економскиот систем, да собира капитал, не заради сопствената среќа или спасение, туку како цел сама по себе“.
7. „Современиот човек живее под илузија дека знае „што сака“, додека всушност го сака она што треба да го сака“.