
Вработените во царинскиот терминал во Прилеп штрајкуваат барајќи исплата на заостанатите плати за шест месеци. Работниците исто така излегоа на предупредувачки еденчасовен штрајк пред 3 месеца, но состојбата останува непроменета. Тие истакнуваат дека живеат без приходи веќе седум месеци, што им создава сериозни егзистенцијални проблеми, особено затоа што работниците се повозрасни и им се потребни редовни терапии. Вработените потенцираат дека Терминалот остварува приходи доволни за исплата на нивните плати и дека одговорноста за нивното исплаќање ја сноси основачот, ЈКП „Комуналец“.
Според синдикалната организација, вработените неодамна добиле само една плата, но тоа не е доволно за да се стекнат со здравствено осигурување. Бараат итна исплата на барем уште четири плати и апелираат до надлежните институции да се реши проблемот, бидејќи тој предолго се одолговлекува. Од „Комуналец“ потврдија дека вработените добиле една плата, но и покрај тоа, тие решиле да продолжат со протестот. Од претпријатието тврдат дека работат на изнаоѓање на решение за оваа ситуација.