
Соопштението на движењето „Сите за Палестина“ го пренесуваме во целост
Ви се обраќаме во однос на Вашето официјално гласање на 58-та редовна седница на Советот за човекови права на Обединетите нации, одржана на 4 април 2025 година, каде што нашата држава гласаше против двете резолуции за Палестина, кои беа усвоени од мнозинството членки.
Резолуцијата A/HRC/58/L.31, против која гласаше Македонија заедно со само уште една друга држава – Чешка – ги осудува израелските колонијални практики на окупираните палестински територии и го поддржува неотуѓивото право на самоопределување на палестинскиот народ. Оваа резолуција беше усвоена со 43 гласа „за“, додека две земји се воздржаа.
Се прашуваме: со кој морален и правен авторитет Вие гласате во поддршка на геноцидот врз палестинскиот народ?
Зошто Владата на Република Македонија зазема став кој директно поддржува геноциден ентитет како Израел?
Дали оваа стратешка одлука која оваа влада своеволно ја донесува се заснова на профитерски аспирации преку соработка со империјалистички насилници да се богатите на нашите грбови и животи?
Се прашуваме: со кој морален и правен авторитет Вие гласате во поддршка на геноцидот врз палестинскиот народ?
Зошто Владата на Република Македонија зазема став кој директно поддржува геноциден ентитет како Израел?
Дали оваа стратешка одлука која оваа влада своеволно ја донесува се заснова на профитерски аспирации преку соработка со империјалистички насилници за да се збогатите на нашите грбови и животи?
Оваа одлука е длабоко срамна и не е во согласност со волјата, вредностите и принципите на народот кој живее на оваа територија. Нашиот народ секогаш стоел, и ќе продолжи да стои на страната на правдата, солидарноста, човековите права и борбата против окупација и апартхејд.
Бараме итно појаснување за основите врз кои е донесена оваа срамна и загрижувачка надворешно-политичка одлука. Со какви аргументи ја оправдувате Вашата одлука да гласате против правото на самоопределување на еден народ?
Бараме сите понатамошни гласања и односи на меѓународно ниво да бидат во согласност со основните начела на меѓународното право и почитувањето на човековите права, за кои, патем, нашата држава се има обврзано со бројни декларации, меѓу кои Универзалната декларација за човекови права, Женевските конвенции и Декларацијата за правата на децата.
Бараме да престанете да поддржувате геноциди во наше име. Бараме гласањата на седниците на ОН да ги отсликуваат реалните вредности на нашиот народ. Бараме солидарност за Палестина и палестинскиот народ!