Соопштението на Сојузот на синдикатите на Македонија го пренесуваме во целост
Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите работодавачи, во услови кога целата територија на државата е биде зафатена со температури бран на високи температури да ги почитуваат препораките, како и мерките од акциакиот план и да водат грижа за здравјето на работниците.
Препораки за работодавачите, кои ќе важат во периодот од 23 до 26 јули 2025 година:
-Се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години.
-Каде што е можно, да се овозможи работа од далечина, флексибилно или двократно работно време.
-Овие препораки не важат за вработените во критичната инфраструктура, како што се здравството, полицијата, армијата, транспортот, енергетиката и јавните комунални претпријатија
Потсетуваме и на важечките мерки од акцискиот план:
• Одложување на работниот процес од 11:00 до 17:00 часот за работници изложени на директна топлина.
• Обврска за обезбедување микроклиматски услови за работа – простории со температура до 25°C, освен каде што природата на работата не дозволува поинаку.
• Континуирано информирање на јавноста преку институциите.
• Активирање на интерните протоколи за работа во вонредни услови во сите здравствени установи, домови за стари лица и образовни институции.