
Согласно моменталните случувања и отворениот геноцид извршуван од страна на Израелските воени служби (ИДФ) врз палестинскиот народ во Газа но и во Западниот Брег многу е актуелен и присутен во јавниот и академскиот дискурс ни се нема консензус околу зборот „Ционизам“ и што тој точно значи.
Имено според онлајн речникот на Merriam Webster ционизам е: меѓународно движење првично за основање на еврејска национална или верска заедница во Палестина, а подоцна и за поддршка на современиот Израел, додека пак оксфорд речникот терминот ционизам го дефинира како: Движење за (првично) повторно воспоставување и (сега) развој и заштита на еврејска нација во она што сега е Израел.

Дефиницијата пак во т.н виртуелната еврејска библиотека има значајна диференцијација која покажува како Евреите го поимаат ционизмот: Неговата (на ционизмот) општа дефиниција значи национално движење за враќање на еврејскиот народ во својата татковина и обновување на еврејскиот суверенитет во земјата Израел, додека пак според „Палестински ремикс“ дефиниција за Ционизмот е: Колонијално движење кое го поддржува воспоставувањето на национална држава за Евреите во историска Палестина со сите неопходни средства.
Името ,,ЦИОН‘‘ од кое етимолошки го влече својот корен ционизмот се наоѓа во Танах (Стариот завет) и има повеќе значења:
- Назив за Ерусалим и Јудејското кралство
- Назив за еврејскиот народ
- Назив за Ерец Израел
Теодор Херцл, евреин од австриско семејство, е општоприфатен како „основачот“ на ционистичката идеја по кулминацијата на т.н Драјфусовата афера. Тој ја пишува книгата „Еврејската држава – обиди за модерно решавање на еврејското прашање“ каде што истакнува „јас не го следам еврејското прашање како општествено, ниту како верско, без разлика на тоа во каков вид ce јавува…тоа е, пред cè, национално прашање, кое за да биде решено, бара да биде поставено како политичко прашање од универзално значење, a треба да биде решено во парламентите на цивилизираните народи“.
Теодор Херцл беше иницијаторот на свикувањето на првиот општ еврејски конгрес во Лондон во 1897 година. Таму, со учеството на делегати од различни држави, беше формирана Ционистичката организација со цел да ја поттикне еврејската колонизација во Палестина, со образложение дека Бог ја има ветено тогашната територија Палестина на Еврејскиот народ. Ова движење, иако ова движење наишло на голем отпор од делови од еврејската заедница, особено од Јудаистите односно религиозните евреи тоа доби поддршка од Велика Британија преку т.н Балфуровата декларација во 1917 година.

Ционизмот според Кваме Туре има за цел да ги збуни луѓето да мислат дека е еднакво со Јудаизмот, велејќи дека е чиста политичка филозофија која има за цел, деќа е „ѓаволот“ и дека заедно со империјалистичките сили да го угнетува и бомбардира палестинскиот народ.
Рабинот Давид Фелдман од „Антиционистичката еврејска организација Нетуреи Карта“ претставува огромен критичар на Ционизмот велејќи:
„Јудаизмот е религија, само религија, не вклучува политика. Од друга страна, ционизмот е чисто политичко движење, се работи за национализам и не ја претставува еврејската религија. За жал, луѓето мислат дека тие две нешта се исти и дека сите Евреи го поддржуваат Израел, но тоа не е така“, рабинот Фелдман како еден од организаторите на Јудаистичките протести против геноцидот во Газа додавајќи дека, сите луѓе во Палестина живееле во мир пред појавата на ционизмот и додаде дека се надева оти тоа ќе биде можно и во иднина.
Вреди да се напомене дека во декември, конгресот во Соединетите Американски Држави речиси едногласно изгласа резолуција со која антиционизмот се изедначува со антисемитизмот, со која јудаистички организации како таа на рабинот Давид Фелдман според САД се смета како анти-еврејска.