
На 21 октомври 1943 година Страхил Гигов како член на ЦК на КПМ од положај испраќа писмо до првиот Областен Комитет на КПМ.Во ова писмо Страхил Гигов потпишан како Мурат меѓу другото изнесува за офанзивата што ја презеле Германците со помош на балистичките банди во Западна Македонија во есента 1943 година и за теророт на балистичките чети на Џемо и Мефаил. Во изводот од ова писмо меѓудругото тој ќе напише:
„Пре него што ви пишеме по некоји конкретни прашања, сакаме да ве по кратки линији запознајме со политичката ситуација настаната овдека после неуспелата Џемова (Џемаил Хасани, водач на балистичка банда) офанзива, која го кошташе толкви жртви на нашата ослободителна територија. Германскиот фашистички окупатор не остана мирен. Он проба да не нападне од другата страна, од кај Струга.
За това нападеније исто така беше употребен албанскиот олош од околијата на Струга, кој беше на брз рака присобран и мизерно награден со 10-15 напољона (монета од 10 албански лека) за да изигра една таква долна роља во денешната народноослободителна борба. Ама после два неуспела напада на нашиот одред „Славеј”, кој држеше стална позиција кај Ботун, беше последното покушеније на германскиот фашистички окупатор да ги искористи заостаналите и продадени Албанци во борба против нас.
Но подлиот окупатор не се запре на това. Он се послужи и со продадените души от македонскиот народ … и други. А за овој случај, конкретно нивнот ортак … адвокат од Охрид, кој преку свои агенти успеја да ја привремено разбије нашата позадина во моментот кога нашта војска водеше очајна борба против башибозлукот на Џемо и Мефаил (Мефаил Шеху, водач на балистичка чета), који беа се нафрлиле како хиени над нашите села да ги плачкајат и срамат нашите мајки и сестри. Во едно такво тешко положеније за нашиот народ, во тој момент Хитлеровиот агент … разви една јака пропаганда да Македонците ќе бидат заштитени само од блгарската војска, ако прекинат со партизаните и им откажат секоја една соработуечка во што прилично воспеја. Настана една општа бежанија накај бугарската граница. Читави наши села останаја празни.
Целата оваја акција беше локална акција, водена од (хитлеровиот агент н.з.) и уште неколку фашистички настроени офицери, који немаја одобрено от Софија, пошто на Софија и гори под нози, па нема снаги за завладување на нови територији, која и самата Бугарија стоији пред капитулација. И пошто изминаја сите датуми и ниедно обештание на од (хитлеровиот агент н.з.) не се исполни, народот почна да се враќа по своите домови со едно уште поголемо искуство. Овој процес стана и како по наша наредба за да се јават сите наши прикриени непријатели и да се очистиме от разни колебливци, који се беја вовлекле во нашите редови. И денеска стојиме многу поцврсто меѓу народот.“
Извор: Документи од борбата на мекедонскиот народ за самостојност и за национална држава, том втори, Скопје, 1981, стр. 332 – 334, АМ. -Ф.- НОБ. арх. бр. 305).