
Капиталистичкиот професор на економскиот факултет при УКИМ како и претседател на Советот на Град Скопје од советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ, Трајко Славески,со објава на (Х) Твитер ја оспори синдикалната месечна потрошувачка кошничка, која ја калкулира ССМ и која треба да покаже колку пари се потребни за да „го преживее“ месецот едно четиричлено (нуклеусно) семејство.
„Податоци за домаќинствата, Попис 2021 година: – 1.836.713 жители живеат во вкупно 598.713 домаќинства, следува: – Просечен број на членови во едно домаќинство – 3 (три); – Вкупен број на домаќинства со еден, два и три члена – 359.684, следува: – 60% од домаќинствата во Македонија се со максимум три члена; – Број на домаќинства со 4 члена – 117.084, или околу 20% од вкупниот; – Останатите околу 20% од вкупниот број домаќинства се со 5 и повеќе членови. Зошто вредноста на месечната потрошувачка кошничка ја пресметуваме за четиричлено, а не за тричлено семејство? Само прашувам“ – Напиша Трајко Славевски
ТИПИЧНО МАКЕДОНСКО СЕМЕЈСТВО: ТРИЧЛЕНО ИЛИ ЧЕТИРИЧЛЕНО? ЗАКЛУЧЕТЕ САМИ!
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) February 10, 2025
Податоци за домаќинствата, Попис 2021 година:
– 1.836.713 жители живеат во вкупно 598.713 домаќинства, следува:
– Просечен број на членови во едно домаќинство – 3 (три);
– Вкупен број на домаќинства со еден,… pic.twitter.com/W8vVDZbnls