
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа, посочувајќи дека ќе бидат одговорни за расчистување на теренот и реконструкција на уништените области. Оваа изјава доаѓа во време на кревко примирје по 15 месеци израелски напади. Трамп нагласи дека гледа долгорочна сопственичка улога на САД во Газа, што според него ќе донесе стабилност на Блискиот Исток, а неговата идеја доби поддршка од израелскиот премиер и воен злосторник Бенјамин Нетанјаху.
Трамп, исто така, предложи на Палестинците да им се додели „добро парче земја“ на друго место, јасно ставајќи до знаење дека не предвидува нивно враќање во Газа. Оваа изјава наликува на целосна поддршка за етничко чистење на палестинскиот народ. Пред две недели, тој ја опиша Газа како „феноменална локација“ со потенцијал за развој, нагласувајќи дека поранешните власти не ја воделе добро и дека повеќето од нив веќе не се живи.